Во ковид центрите низ земјава се лекуваат 1.331 пациент, слободни се околу 170 кревети

Сподели

 

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.331 и има околу 170 слободни болнички кревети. Во Скопје се лекуваат 505 лица, а во ковид центрите во државава хоспитализирани се 826 пациенти, објави Министерството за здравство, според добиените податоци од последните 24 часа.

По извештаите на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во Штип 63 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 108 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид центарот во Гостивар 58, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 15, во Кичево 10, во Кавадарци 56, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени на лекување 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно 20 приеми, четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, четири во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца пациенти на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Очната клиника и еден на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени четири нови болни. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало шест нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени двајца болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симптоми на корона вирусот, на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 113 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле има 36 пациенти.

„Од вкупно 505 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка. И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември“, соопшти Министерството за здравство.