Во Лион експлозија на бомба – шестмина повредени

Сподели

 

Во центарот на францускиот град Лион, на улицата Виктор Иго, експлодира бомба меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17.40 часот, јавува дописникот на МИА.

Според Министерството за внатрешни работи има шест повредени лица.

Експлозивната направа била ставена во патничка торба. Овој трговски дел на градот е целосно опколен од страна на силите на редот.

Префектурата на Лион ја потврди експлозијата и бара поради безбедност на граѓаните да го избегнат овој сектор.