Во полициска акција уапсени се четворица поранешни припадници на ИСИС

Сподели

twiter

Во акција спроведена рано утринава во Скопје и Тетово уапсени се четири лица, а се трага по тројца осомничени дека се поранешни припадници на ИСИС, информираат од Јавното обвинителство.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истрага за седум лица – припадници на ИСИС. На осомничените им се става на товар кривичното дело – терористичка организација по чл.394-а ст.2 од Кривичниот законик, пишува во соопштението на Обвинителството.

Три лица, кои се уапсени утрово, се од Скопје, додека едно лице е од Тетово. Останатите тројца осомничени се недостапни за органите на прогонот.

„Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје предложи на осомничените да им се определи мерка – Притвор“, се вели во соопштението на Обвинителството.

мета.мк