Во Скопје санкционирани 309 возачи – 86 за пречекорена брзина

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи
со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 309 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 8 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 86 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 7, од кои 2 возила коишто вршат јавен превоз на патници – автобуси, 68 мерки за непрописно паркирање, 71 возило подигнати со пајак, а изречени се 120 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.