Вести Македонија Ударни вести

Во Собрание расправа за интерпелација на министерот Спасовски

Сподели:

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да одржи продолженија на 86. и на 90. седница.

Единствена преостаната точка на 86. седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поднесена од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

На 90. седница, пак, треба да се расправа за Предлог- законот за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка, исто така, единствена точка на дневниот ред.

Сподели: