ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура се движеше од 2 до 7 степени, а дневната ќе изнесува меѓу 14 и 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и југозападен правец.  Дневната температура ќе се искачи до 21 степен.

Од денес попладне, почнувајќи од запад и север облачноста ќе се зголемува како и во вторник до средината на денот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места особено на запад врнежите ќебидат од снег и ќе се формира снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе бидат во значително опаѓање.

Од среда времето ќе бидепроменливо облачно со благ пораст на температурата, а во четврток со услови за слабилокални врнежи.