Во сообраќајна незгода повреден е малолетен пешак

Сподели:

Вчера, на 27 септември во 16:00 часот на ул.”Славеј Планина” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки управуванo од Б.С.(25) и малолетен пешак од Скопје.

Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој со возило на брза помош е пренесен во Ургентен центар Мајка Тереза каде му се констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено поради сторено кривично дело по член 297-а од страна на возачот Б.С. и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: