Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде променливо облачно, вдолж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла. Од пладневните часови во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.

Температурата ќе се движи од -2 до 16 степени.

 

 

Во Скопје променливо облачно и наутро магливо, претежно во пладневните часови краткотрајно со услови за дожд.