Во среда ќе се прска против комарци

Сподели

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 6 јули, во среда, ќе се врши терестрична и авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.
 
 Авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира во раните утрински часови, додека терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира во текот на денот.
 
Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.
 
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.