Во тек е подготовка на спортската сала Билјанини Извори во Охрид

Сподели

 

Во тек е подготовка на спортската сала Билјанини Извори во Охрид каде наскоро ќе започне масовна имунизација на жителите од овој регион, изјави денеска министерот Филипче.

 

 

Во салата се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1500 граѓани. За вакцинација во салата ангажирани се 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници. Вакциналните пунктови ќе работи во две смени.

Во тек е подготовка на спортски сали за масовна вакцинација во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово.