Вести Македонија

Во Турција уапсени петмина македонски државјани припадници на ИД

Сподели:

Chavkov-860x680

Во Турција биле уапсени петтмина македонски државјани кои се осомничени дека се припадници на Исламската држава. Акцијата била спроведена на 12 август од страна на турската полиција, а по приведувањето осомничените биле однесени во Прифатниот центар за странци во Истанбул, соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

-Во текот на акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди. Според досегашните сознанија лицата биле претходно поттикнати и организирани од македонски државјани-џихадисти кои подолг период престојувале во Сирија, а осомничените заминале за Турција со единствена крајна цел приклучување кон муџахединските единици во Сирија – рече Чавков.

Тројца од приведните во акцијата „Ќелија 3“ се од Куманово, а двајца од Скопје. Тие се екстрадирани во Македонија и против нив е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Од страна на судија на претходна постапка на сите пет пријавени лица определена им е мерка притвор.

meta.mk

Сподели: