ФРОДЕМ: Режимот ја користи лошата и кризна ситуација, надевајќи се на спас во матно

Сподели

frodem-860x678

– “Одамна е јасно дека режимот е тој што бега од избори. Бега од избори како ѓавол од темјан. Бега од соочување со волјата на народот. Со кукавичкото бегство прави продлабочување на тешката криза”, тврдат од Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

Од ФРОДЕМ подвлекуваат дека за режимот, колку состојбата е полоша, толку е подобро, затоа што само во матно, во кризна ситуација може да се залажува дека ќе се извлече.

–  “Доказ за бегање од избори е што го изигрува спроведувањето на договореното. Не го спроведуваше првиот пат, блефираше вториот пат, и сега третиот пат по мувлосаните подруми повторно смислува пречки за одлагање на изборите и спојување со локалните”- тврдат од ФРОДЕМ.

Според ФРОДЕМ, режимот ја подели земјата и народот до закрвување.

-“Затоа ниедна работа не може да се договори, ниту спроведе. Се се штo можеше се подели, а особено новинарите. Бидејќи пропагандата и лагите му се клучното оружје режимот си создаде свои партиски мегафони. Затоа и постои блокада во ад хок телото кое треба да ги мониторира медиумите за изборите. Режимот сака лаги и манипулации, а не известувања, не информации и факти. И меѓу избори, и особено пред избори”- велат од ФРОДЕМ.

 

Ако режимот опструира избори и нема избори на 11 декември, а кризата се продлабочува, тогаш, додаваат од ФРОДЕМ, парламентарните партии имаат обврска да направат ново парламентарно мнозинство.

-“Новата влада треба брзо и цврсто да ги спроведе демократските промени и да ја стабилизира и нормализира земјата. Албанските парламентарни партии треба да се изјаснат за иднината на земјата. Дали се за евроатланска и унитарна или за тоталитарна држава. Долгата и тешка криза го загрозува и Рамковниот договор. Коренот на кризата е внатре во партиите на власт. Пред се во нивното криминално владеење но и во неуставниот однос на врхушката на ДПМНЕ кон државата и во недемократскиот однос кон сопартијците со поинакво мислење. Сите рокови, државни, партиски и човечки истекуваат за неколку дена” – велат од ФРОДЕМ.

ФРОДЕМ повторно ја повикува Бонева да му се извини на СЈО!