Вести Македонија

Во возило пронајдена копија од избирачки список на лица од ромска националност

Вчера при вршење на контрола на патниот сообраќај на крстосницата од улиците Ленинова и 24 Октомври во Струмица, околу 14.30 часот од страна на полициски службеници било сопрен автомобил „Фиат“ управуван од Б.Г. (52) од Струмица, а во кое како сопатници биле и лицата Е.Ф. (44), А.А. (32), А.А. (55) и К.А. (37), сите од Струмица.

При првичниот преглед на возилото, во багажниот простор била пронајдена копија од избирачки список, како и тетратка со име и презиме и матични броеви на лица од ромска националност и броеви на избирачки места каде истите треба да го остварат своето право на глас.

Поради постоење основи на сомнение дека истите се сторители на кривичните дека „злоупотреба на лични податоци“, „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „поткуп при избори и гласање“ било известено Основното јавно обвинителство во Струмица.

Од Судија на претходна постапка била добиена наредба за личен претрес на наведените лица, за претрес на возилото и за одземање на мобилните телефони. Постапено е по истите наредби и согласно обезбедените докази ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство.

meta.mk

Сподели: