Вести Свет Ударни вести

VOA: Вежби во Јапонија од закана од проектили од Северна Кореја

Сподели:

Северна Кореја последните години ги држи соседите под зголемена напнатост со тестирањата на нуклеарни и балистички проектили.

Стотици жители на Токио учествуваа во вежба за евакуација, што симулираше сценарио од напад со балистички проектил од Северна Кореја. Преку звучници во забавен парк, на посетители им беше укажано, без паника да се евакуираат во соседниот објект или во подземно засолниште, затоа што е лансиран проектил, пренесе VOA.

Слична вежба беше изведена и лани во други градови во Јапонија.

Северна Кореја со тестирањата на нуклеарни и балистички проектили последниве неколку години, ги држи соседите под зголемена напнатост.

Пјонгјанг досега тестираше проектили над Јапонија или во водите во близина на јапонското крајбрежје.

Сподели: