На денешната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека последните анализи потврдиле дека водата во Гостивар после долго време, е микробиолошки и бактериолошки исправна.
Последните добиени резултати покажуваат дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење.


