Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје, отвори нов наплатен пункт во општина Ѓорче Петров.
Со отворањето на овој наплатен пункт, на корисниците им се овозможува плаќање на месечните сметки, проверка на состојбата на долгот за потрошена вода и пријавување на состојбата на водомерите.
Наплатниот пункт е лоциран во постоечкиот објект на ЈП Водовод и канализација -Скопје, на улица Ѓорче Петров, до Тинекс маркетот, и ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот.
Воедно, Ве информираме дека наплатниот пункт во Сарај е затворен.


