Февруари е месецот на љубовта, а кај нас во ЈП Лајка има кучиња на кои таа навистина им е најпотребна, макар и само еден ден.

Започнуваме со иницијативата „Биди мојот Валентајн на еден ден“. Биди пријател, сопатник и покажи ми го светот надвор од кафезите, барем накратко.
Нашите кучиња со месеци, а некои и со години, немаат излезено надвор од ѕидовите на ЈП Лајка.
Дали сакаш токму ти да бидеш оној што ќе им покаже дека постои и поинаков свет?
Одбери куче и ќе биде твое на цел еден ден. Прошетка, парк, кафе-пауза, или мало частење во локален пет-шоп, изборот е твој, а радоста е нивна.
Понекогаш, доволен е еден ден љубов за да се промени сè. Можеби токму ти ќе бидеш причината за нивното вдомување


