Вонреден инспекциски надзор за злоупотреби на лични податоци на студентите

Сподели

Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП) информира дека вчера и денеска примила барања од Машинскиот факултет, како и од повеќе физички лица кои се сомневаат дека нивните лични податоци се злоупотребени, да се изврши инспекциски надзор за утврдување на повреда на правото за заштита на личните податоци, јавува 24 Вести.

Согласно Законот за заштита на личните податоци, ДЗЛП соопшти дека е отпочната постапка за вршење вонреден инспекциски надзор и оти по завршување на надзорот јавноста ќе биде дополнително информирана за наодите од него.

Дирекцијата за заштита на личните податоци им препорачува на граѓаните да ги променат лозинките, често да ги менуваат, да се обезбедат дополнителна заштита и доколку забележат дека има злоупотреби да пријават во ДЗЛП.