ВОНРЕДНИ МЕРКИ НА МЗ КОИ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ

Сподели

 

На денешната прес-конференција министерот Филипче ги објави новите дополнителни мерки за заштита и превенција од коронавирусот по препорака на комисијата за заразни болести нови мерки кои владата ги усвои:

  • Да се прекине воспитно наставниот процес и настава во сите градинки, основни и средни училишта ќе бидат затворени во наредните 14 дена. Ова важи и за студентите на сите факултети низ целата држава. Да се ослободат вработените во овие институции исто така во наредните 14 денови. За еден родител на дете до 10 години ќе се дозволи отсуство од работа кое што ќе биде целосно платено и во јавните и приватните институции.
  • Се забрануваат спортски натпревари со публика во наредните 30 дена, како и масовни собири на отворен и затворен простор во наредните 14 дена.
  • Се воведува задолжителна самоизолација на сите кои што доаѓаат од високо-средноризичните земји во рок од 14 дена согласно листата што ја објави  СЗО
  • се забранува извоз и увоз на медицински материјали
  • возрасните и хронично болните да не излегуваат непотребно и да не користат јавен превоз без потреба
  • препорака за непатување во земјите со висок и средновисок ризик
  • физичките и правни лица кои нема да ги следат овие препораки ќе бидат казнети согласно Кривичниот законик
  • се воведува хелт-локатор-карта на сите авио линии
  • се забранува мѓународен автобуски превоз кон високоризичните земји од и кон нашата држава
  • се зголемува бројот на волонтери на Црвениот крст во соработка со МЗ на сите гранични премини
  • да се почитуваат мерките за превенција
  • прекин на работа на сите бремени жени во сите институции и хронично болните лица
  • владините претставници да ги прекинат сите конференции и патувања

Сите овие мерки ќе бидат објавени на веб страната на Министерството за здравство и тие треба да се почитуваат – изјави министерот Филипче на денешната пладневна прес-конференција.