Вести Македонија Ударни вести

„Вранец“ на Винарија Кимов освои „Големо Злато“ на „Винотек“

Сподели:

 

Виното „Вранец“ на Винарија Кимов, берба 2020 година, ја доби највисоката наградата „Големо Злато“ на Интернационалната манифестација која здружението „Винотек“ ја организираше по повод празникот на лозарите Св.Трифун.

Награденото вино освоени 90,80 поени максимални 100 поени, во конкуренција на 130 вина од Македонија, Србија и од Бугарија, кои беа оценувани од Комисијата составена од реномирани енолози под раководство на професор Михаил Петков.

Винарија Кимов, член на Сојузот на стопански комори, е основана во 2018 година како семеен бизнис во македонска сопственост и е фамилијарно управувана со јасна визија и посветеност на правење вина од светска класа од најдобриот вински регион во Македонија, Тиквешкиот вински регион.

Александар Кимов кој е сопственик и основач на винаријата вели дека страста кон винскиот бизнис е вткаена во него уште од најраната возраст, а она што го научил од својот татко понатаму го развивал и усовршувал.

„Имав солидна позадина и познавања во областа, но и голема желба од виното кое го произведуваме да направиме познат бренд. Уште во првата година од постоење на винаријата се произведат врвен квалитет на „Совињон Бланк“ берба 2019, кој освои максимални 100 поени. Ова признанија не ги охрабрија и не мотивираа да се стремиме кон производство на беспрекорен квалитет на вино, што е врвен приоритет во нашата работа“, изјави Кимов.

Винарија Кимов произведува премиум квалитетни вина во лимитирана количина, кои не се комерцијално достапни и може да се набават директно преку винаријата. Исто така, голем процент од продажбата е брендирано вино, специјално полнето и произведено за фирми соработници. Во лепезата на производи на винаријата спаѓаат „Темјаника“, „Совињон Бланк“, „Розе“ (Кабернет Совињон) и „Вранец“. Винарија Кимов е горда што во своето постоење успеа да ја постигне една од најважните и најтешко остварливи цели, а тоа е стандардизација на производите, односно секоја година да се произведуваат исти вина со врвен квалитет.

Сподели: