Вести Македонија

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

Во утринските часови во Македонија имаме претежно облачно, ветровито и свежо време со осетен пад на утринските температура во однос на вчерашните.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во четврток во утринските и претпладневните часови ќе преовладува умерено облачно време со повремени и кратки сончеви периоди, ветровито и студено со утринските температури кои се движат во интервал од -1 до 8 степени. Слично време ќе имаме до крајот на денот, ќе биде биде умерено облачно време со сончеви периоди, додека пак во северозападните, централните како и во крајните источни и североисточни предели нестабилно со врнежи од дожд а на ридоско-планинските предели и на планините над 900 метри со врнежи од снег. Ќе дува доумерен засилен северозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Максималните дневни температури од 3 до 17 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови умерено облачно со услови за повремени и кратки сончеви периоди, попладне нестабилно време со локални врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 13 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок невообичаено студено утро со утрински температури од -4 до 5 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со температури од 1 до 14 степени. Најстудено утро во Македонија како последица на овој студен бран ќе имаме и во сабота кога утринските температури ќе се движат од -6 до 2 степени, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло време со максимални температури од 5 до 18 степени. Претежно сончево со локална облачност и потопло време ќе имаме во недела и понеделник, утринските температури од -3 до 5 односно од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 10 до 23 степени во недела, односно од 8 до 21 степен во понеделник.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време со температура до 10 степени. Во сабота по студеното утро и 0 степени, во текот на денот претежно сончево и потопло време со температура до 14 степени. Во недела малку потопло утро и температура од 3 степени која ќе биде под просекот за овој период од годината, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност и дневна температура до 19 степени. Во понеделник претежно сончево и свежо време. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Сподели: