ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска во Македонија времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, а кон крајот на денот се очекува намалување на облачноста.

Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен по должина на Повардарието.
Температурите утрово се движат од минус 5 до минус 1 Целзиусов степен, додека дневните ќе се искачат од 3 до 11 степени.

Во Скопје и околината ќе биде слично, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец, а утринската температура ќе се спушти до минус 1, додека во текот на денот се очекува искачување до 8 Целзиусови степени.