ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд и снег. Попладне променливо облачно и ветровито со засилен северен ветер особено долж Повардарието и во Пелагонија, на одредени места со брзина од 70 километри на час.

Утринската минималната температура ќе биде -3 степени, а дневната максимална ќе достигне до 6 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 1 степен, а максималната до 4 степени.

Од вторник следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепено покачување.