ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен снег со слаб интензитет особено претпладне во југозападните делови. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува и умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -1 до -8 степени, а дневната од -5 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува и умерен северен ветер. Утринската температура ќе се симне до -3, а дневната ќе достигне до 5 степени.

Во петок и за време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во сабота. Во недела кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а нови врнежи се очекуваат од почетокот на наредната недела.