ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утрото студено со ниски утрински температури.

Утринската температура ќе се движи од -3 до -10 степени, а дневната температура од 0 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утринската температура ќе достигне до -5, а дневната температура ќе достигне до 8 степени.

За викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.