ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 6, а дневната од 3 до 9 степени.

Во Скопје слично време со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Во среда под влијание на Медитенаски циклон ќе продолжи нестаоблачно време со врнежи од дожд, а над 1200 метри со врнежи од снег. Температурите без некоја позначајна промена, утринските од -1 до 6 односно од 0 до 7 степени, додека пак максималните дневни од 1 до 11 односно од 3 до 13 степени.

Во четврток претежно облачно и потопло време со благ пораст на температурите, утринските од 1 до 8 степени, додека пак дневните ќе достигнат до 5 односно до 15 степени. Во петок во Македонија облачно време со врнежи од дожд и посвежо со пад на дневните температури. Над 1200 метри се очекуваат слаби врнежи од снег. Максималните дневни температури од 3 до 13 степени.