ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денес во Македонија ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.

Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе се движи од 6 до 12 Целзиусови степени.

Од недела се очекуваат врнежи претежно од снег, кои само во крајниот југоисточен дел од земјава ќе бидат од дожд и снег.

До вторник насекаде се очекува формирање на снежна покривка, а на планините нејзино значително зголемување.