7 дена Вести Македонија

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Претпладне, локално ќе има и услови за замрзнат дожд. На планините врнежите ќе бидат главно од снег.

Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде до утре наутро локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура од -1 до 5 степени, а дневната температура ќе се движи од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до -2, а дневната температура до 5 степени.

За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот од земјава. Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.

Сподели: