ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

И ова утро имаме претежно облачно време со слаби врнежи од снег кои постепено престануваат, додека пак во јужните предели имаме слаби врнежи од дожд.

МАКЕДОНИЈА –Денеска ќе преовладува облачно време со слаби врнежи од дожд и снег, а над 400 метри со врнежи од снег. Во доцните попладневни и во вечерните часови како и во текот на ноќта среда кон четврток врнежите ќе се интензивираат и ќе бидат проследени со засилен ветер. Локално се очекуваат да наврнат и над 20 сантиметри нов снег, додека на планините ќе надминат и 40 сантиметри. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и источен ветер. Утринските температури од -6 до 3 степен, додека пак максималните дневни од -3 до 5 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје облачно време со слаби врнежи од снег и ветровито време. Ќе дува доумерен засилен источен и југоисточен ветер. Утринската температура од -1 степен, додека пак максималната дневна ќе достигне до 1 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Поинтензивните врнежи од снег ќе продолжат и во четврток во утринските и претпладневните часови, а попладне врнежите ќе престануваат. Максималните температури од -4 до 4 степени. Во петок врнежите ќе престанат и во текот на денот се очекува претежно облачно и студено време. Утринските температури од -9 до -1 степен, додека пак максималните дневни од -3 до 5 степени. Во сабота и недела по котлините појава на магла која што понекаде ќе се задижи и во текот на целуиот ден, а во останатите предели умерено облачно со повремени сончеви периоди. Утринските температури во опаѓање, од -10 до -2 односно од -11 до -3 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат идентични од -4 до 4 степени.

Weather4all.com.mk