ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните и вечерните часови и тогаш повторно речиси насекаде ќе бидат од снег, освен на југоистокот.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Температурата ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје облачно, попладне со врнежи од снег. Температурата ќе достигне 3 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во претпладневните часови. Наутро на повеќето места температурите ќе бидат за 2 до 3 степени под нулата. Во сабота во западните делови ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Постепено затоплување со врнежи главно од дожд ќе има од недела попладне.

Најмногу снег и најстудено изутринава е во Маврово, каде што снежната покривка е 25 сантиметри и се измерени минус седум степени.