7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со мала облачност и максимални температури од 19 до 25 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб југоисточен ветер и температури до 23 степени.

Во четврток сè уште ќе биде топло, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален дожд и ретки грмежи. Во петок ќе има врнежи од дожд со услови за појава на локална нестабилност.

Повеќе врнежи се очекуват во северозападните и јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.

Сподели: