ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Дневната температура ќе се движи од 27 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со услови локално и во Скопската котлина да има појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 32 степени.

До петок ќе преовладува сончево и топло време. Во петок во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурата за неколку степени.