7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, со слаб северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните од 28 до 36 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Вo петок и за време на викендот во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.

Сподели: