7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер, претежно од северен и северозападен правец.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, дневната максимална температура ќе се движи меѓу 29 и 36 степени.

Во наредните денови времето ќе за задржи малку до умерено облачно и релативно топло, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура утре ќе биде во интервалот од 14 до 21 степен, а максималната од 29 до 36 степени. Во вторник  и во среда максималната температура ќе достигне до 37 степени.

Сподели: