ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од -9 до 0, а дневната од 1 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до -5, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со слаб до умерен северозападен ветер. Од петок ќе се зголемат условите за појава на магла по котлините. Во недела и понеделник се очекува зголемена облачност со локални врнежи претежно од снег.