ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Под влијание на студен и влажен бран денеска попладне, во текот на ноќта и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните  делови од земјава. Температурата ќе се движи од -8 до 9 степени.

Во Скопје температурата ќе се движи од -5 до 6 степени.

Во текот на овие два дена ќе се појават снежни врнежи кои ќе формираат снежна покривка од 10 сантиметри во западниот и јужниот дел од Македонија, а на планините ќе надмине над 20 сантиметри.

Наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег.