ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до четири, а дневната од 10 до 22 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена обланост и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период  од годината и на повеќе места ќе надминуваат 20 степени.