ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени , а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура од 4 степени, а дневната ќе се движи до 23 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително намалување на дневната температура, особено во северните делови.