ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локана облачност и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално, особено во југозападниот дел од земјава ќе има услови на локален дожд со ретки грмежи. Максималаната температура ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во четврток ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, но попладне во западните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Во петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Во сабота пред Велигден времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.