7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и силен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и особено во југоисточните делови, засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од 8 до 13 степени, а максималната ќе се движи од 15 до 21 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Затоплување на времето се очекува од среда.

Сподели: