ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура се движеше од 5 до 10, а дневната температура ќе изнесува меѓу 13 и 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Утринската температура достигна до 9, а дневната температура ќе се искачи до 21 степени.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање и ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури, додека во недела попладне и во деновите потоа, под влијание на циклонска активност, времето ќе биде нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд, локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и со услови за град.