ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија. Попладне, почнувајќи од запад, со врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.

Од денеска попладне земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови поради што се очекуваат врнежи од над 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови и од над 70 литри.