7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во јужните и источните делови од земјава, каде ќе има  пообилен дожд.Локално се очекува да наврнат до 20 литри на метар квадратен. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, умерено облачно со услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Од Албанија кон нашата земја навлегува поголема нестабилна воздушна маса од која има појава на пороен дожд и грмежи  во подрачјето од Шар Планина, Маврово, преку Полог, па се до Скопската котлина. Нестабилност има и во Мариовско, потоа во околината на Радовиш и на Струмица Процесите се преместуваат од запад кон исток – известуваат од УХМР.

Следните денови ќе се задржи променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Сподели: