ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд и со грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 26 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно, попладне со краткотраен пороен дожд и со грмежи.

Минималната температура ќе достигне до 16 Целзиусови степени, а максималната до 32 степени.

Во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и со засилен ветер, особено в петок вечер и в сабота околу пладне и попладне. Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.