ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Минимална температура ќе изнесува од -5 до 3 степени, а максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од североисточен правец. Минимална температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а максималната од 7 до 12 степени.