ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и постудено. Утринската температура ќе се движи од -1 до 3 степени, а дневната температура од 7 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе биде околу нулата, а дневната температура ќе се движи до 7 степени.

До четврток ќе се задржи стабилно време, по котлините во поголем дел од денот облачно, магливо и постудено. Во текот на ноќта кон петок ќе има локални врнежи од дожд, а во петок се очекува умерен јужен ветер и расчистување на маглата. Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има за време на викендот.