ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денес ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од -6 до 2 степени, а дневната од 10 до 19 степени.

Во Скопје максимална дневна температура до 14 степени.

Утре се очекува сончево и релативно топло време со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од -4 до максимални 19 степени.

Слично време се најавува и за среда, а од четврток метеоролозите најавуваат дожд и снег. Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен северен ветер.