ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денес претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.Утринската температура ќе се движи од 0 до 6, а дневната од 2 до 10 степени.

Во Скопје ќе има слично време со утринска температура од 5, а дневна до 9 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура и со умерен, а во сабота и засилен северен ветер.