7 дена Вести Македонија

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно со повеќе облачност на северот, наутро свежо, а преку денот ветровито најмногу вдолж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали.

Утринските температури ќе се движат во интервалот од 7 до 15 степени целзиусови, а дневните максимални од 23 до 29 степени.

Во Скопје претпладне ќе има зголемена облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Повремено ќе дува умерен северен ветер.Температурата ќе се движи од 12 до 27 степени.

Сподели: