ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од -7 до 2, а дневната од 2 до 10 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до – 1, а дневната ќе достигне до 7 степени.

 

 

До сабота утринските температури во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. За време на викендот ќе има локален дожд.